По Турција, Сирија побара помош од Европската унија за отстранување на последиците од разорниот земјотрес што ги погоди двете земји, соопшти денеска еврокомесарот Јанез Ленарчич и ги охрабри земјите-членки на ЕУ да пружат помош.

Утрово добивме барање за помош од сириската влада преку механизмот за цивилна заштита. Тоа барање го споделуваме со земјите-членки на ЕУ и ги охрабруваме да ја дадат бараната помош, рече Ленарчич, кој е задолжен за управување со кризи.

Ленарчич додаде дека е важно да се осигура дека таа помош оди кај луѓето на кои им е потребна и да не се пренасочува, како и дека ЕУ ќе ја надгледува.

Властите во Дамаск се под меѓународни санкции од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.