Премиерот на Шведска Улф Кристерсон и министерот за надворешни работи Тобијас Билстром денеска ќе отпатуваат за Вашингтон, каде ќе ги предадат документите за членство во НАТО.
Тоа е последниот чекор за да се стави крај на двогодишниот процес за членството на Шведска во НАТО.
Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок вчера го потпиша законот со кој на Шведска и се одобрува пристапување во Алијансата, со што беше отстранета и последната бариера за членство.
Шведска ќе стане 32 членка на НАТО штом официјалните документи ќе бидат депонирани во Вашингтон, со што ќе се означи крајот на двестегодишниот период во кој Стокхолм избегнуваше воени сојузи.
Финска стана членка на НАТО минатата година, но Шведска беше на листата на чекање бидејќи Турција и Унгарија имаа забелешки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.