Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија.

Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта… не беше правилна и жал ни е поради тоа, рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден.

Шел купи товар со руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура во балтички пристаништа по рекордно ниска цена од минус 28,50 долари за барел, објавија трговците во петокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.