Младинската женска селекција на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското првенство чиј домаќин е нашата земја.

Избраничките на Дарко Јанев беа надиграни од репрезентацијата на Исланд со 29:17. Убедливниот пораз се должи на пад во вториот дел кој го загубивме со 18:6 или поточно противникот целата предност ја стекна во овие 30 минути.

Утре мечот со Ангола од 20,15 часот е клучен за пласман во втората фаза. Двете репрезнтации ќе влезат со учинок 1-1 со тоа што африканките имаат подобра гол разлика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.