Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево вчера го привеле М.Ѓ. (19) од Кичево, кај кого биле пронајдени и одземени 12 пакувања со марихуана.

Дополнително, како што соопшти денеска МВР, при извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени уште 19 пакувања со марихуана и пари. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.