Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од српското МНР, предвидено е обраќање на министерот Селаковиќ на свечената Светосавска академија во Македонскиот народен театар. На свеченоста ќе се обрати и висок претставник од земјава, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ.

Пред присутните се очекува да се обрати министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, како и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. На Свечената академија ќе настапи и познатата српска пејачка, Јелена Томашевиќ.

Организатор на академојата е Регионалниот одбор на српската заедница. Свечената Светосавска академија ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар (19 ч.) во Скопје.

На Свечената академија во МНТ ќе се обратат високи официјални претставници од Македонија, од Србија и од Република Српска. Со богата културно уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Пред присутните се очекува да се обрати и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. Светосавска беседа ќе одржи д-р Славенко Терзиќ, академик и поранешен амбасадор.

Во културно-уметничката програма ќе учествуваат актерите од Белградскиот народен театар, Воениот оркестар при Министерството за одбрана на Република Србија.

„Свети Сава е симбол на нашето творештво низ векови, наш корен на животот, нашето чувство за време, историја и судбината на нашиот народ“, изјави претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија и претседател на Организациониот одбор на Светосавската академија, Иван Стоилковиќ.

Свечена Светосавска академија се одржа вчера во Куманово.

Нема поблиски народи на овие простори од македонскиот и српскиот“, изјави синоќа градоначалникот на Кумановио Максим Димитриевски, во Занаетчиски дом, на свечената Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација по повод одбележување на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во Македонија.

Димитриевски го честиташе овој голем празник и информираше дека се работи на отворање на конзулат на Република Србија во Македонија во Куманово.

Куманово е Македонија во мало. Ние сме мултикултурно општество во коешто има место за сите, без разлика дали сме Македонци, Срби, Турци, Албанци, Роми, Власи или било која етничка заедница којашто опстојува на овие македонски и балкански простори. Вечерва за мене е голема чест, а уште поголемо задоволство да присуствувам на оваа свечена академија, Светосавска академија, во чест на човек којшто на овие простори го ширел христијанството, се залагал за мир, взаемно почитување, вреднување и секако за соживот. Тоа е нашето Куманово кое низ векови се ткаело, токму низ ваквите мисли и идеи. Затоа, со право можеме да кажеме дека сите ние сме потомци на овие простори, секој ја негува својата традиција, но мора да ја вреднува и туѓата. Нема поблизок народ на овие простори од македонскиот и српскиот. И тоа не го докажуваме ние политичарите, туку тоа всушност го докажуваат самите граѓани на дело, проткаени низ заеднички бракови, измешани традиции, создадена заедничка љубов којашто дополнително создава заеднички вредности, рече Димитриевски во обраќањето.

Ова е 15-ти пат како српската заедница во земјава го одбележува националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.