Во тетовскиот ресторан Арра се одржува централното претседателство на ДУИ каде треба да се изберат новите партиски органи.

Обраќање има партискиот претседател Али Ахмети кој зборува за реториката во партијата, а ги спомнува и демократските вредности на ЕУ и НАТО како и борбата против корупцијата.

Невообичаено, на медиумите им е дозволено да присуствуваат на собирот.

Ахмети седи сам на подиумот за говорниците од каде се обраќа на присутните.

Во првиот ред од левата страна се припадниците на ткнр. огнената група предводена од Изет Меџити. Во тој дел седат и актуелни и поранешни градоначалници.

Од десната страна се министрите и владини функционери на ДУИ предводени од првиот вицепремиер Артан Груби кој беше главна мета на огнената група.

Меѓу Груби и Меџити седи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.