Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков може да одговара кривично за навредите кои ги кажа на сметка на Македонија и Македонците, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а пренесе „Њуз.бг“.

Вицепремиерот Маричиќ смета дека Пендиков не бил нападнат затоа што се чувствувал како Бугарин.

Не е вистина, според мене, дека го нападнале затоа што се изјаснил како Бугарин. Ние не оправдуваме насилство врз никого. За обвинувањата и навредите кон Македонија може да се бара и кривична одговорност – кажа Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.