Десетици милиони луѓе во САД се изложени на ризик од лош квалитет на воздухот откако чадот од шумските пожари во Канада се пресели на југ. Во некои градови како Њујорк, небото ја промени бојата поради чадот, пренесува Гардијан.

Во сојузните држави Њујорк, Масачусетс и Конектикат се издадени предупредувања за квалитетот на воздухот, а властите ги повикуваат сите жители да го намалат времето на отворено.

Њујорк има најлош квалитет на воздухот. Небото стана портокалово-кафеаво во средата, училиштата ги откажаа активностите на отворено, а властите побараа од жителите да носат маски доколку се надвор.

 Оние кои веќе имаат респираторни проблеми или проблеми со срцето и дишењето, како и децата и постарите, мора да бидат особено внимателни и треба да останат што повеќе внатре – изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.

Намалената видливост предизвикана од маглата ја принуди Федералната управа за воздухопловство да приземји некои летови до Њујорк на меѓународните аеродроми ЛаГвардија и Њуарк Либерти.

Чад ја преминува северната граница на САД од Канада, каде што сезонските шумски пожари започнаа невообичаено рано и интензивни поради постојаните топли и суви услови. Канада се подготвува за најлошата сезона на шумски пожари досега.

Иако шумските пожари се вообичаени во западна Канада, пожарите моментално горат низ целата земја, особено во источната провинција Квебек.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.