Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија смета дека реакцијата на луѓето што ја водат телевизијата била очекувана.
Станува збор за исклучително коректно момче кое професионално си ја работи својата работа. Моето искуство е дека никогаш не оставил најмал простор за тоа што беше оквалификуван од страна на господинот кој вчера безочно го нападна во отсуство на аргумети. Нормално е да се очекува луѓето кои го водат тој медиум да реагираат и според мене, реакцијата која следеше е очекувана. Огромна поддршка за медиумот. Мојата честитка и на роденденот на медиумот беше дека политичарите постојат и заминуваат, а медиумите да продолжат да работат професионално. Задржете ја професионалноста и воопшто не треба да се посветува внимание на луѓе кои се само една лоша епизода на политичката сцена, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.