Внатрепартиските анкети на партијата се континуирани во текот на цела година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник во Тема на денот на ТВ Сител.

Според последната анкета, Мицкоски истакна дека доколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале околу 22-23 проценти, додека за СДСМ само 9 до 10 проценти.

Февруарските анкети теренски се дека бројката која што би ја освоила ВМРО-ДПМНЕ доколку утре има избори е помеѓу 22-23 проценти. СДСМ се движи околу 9-10 проценти од прилика од освоените гласови, условно кажано ДУИ и обединетата албанска опозиција би се движеле помеѓу 6-6.5 проценти од освоените гласови. Партиите ЗНАМ и Левица би се движеле околу 4-5 проценти, нагласи Мицкоски.

На прашањето колку пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ според анкетите, Мицкоски рече:

Врз основа на овие бројки на државно ниво пондерирани во број на пратеници ценам дека во моментот би се движела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата помеѓу 53 и 56 пратеника.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.