Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по посетата на Охрид и средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, порача дека реконструкцијата на улиците е дел од проектот на Општина Охрид со Центарот за развој на југозападниот плански регион за подобрување и развој на локалната патна инфраструктура.

Мицкоски додаде дека по барање на жителите се гради и атмосферска канализација за собирање на атмосферски води од станбени локови.

Подобрување и санирање на недостатоци на проектот – јавно осветлување, поставување на систем за наводнување, промена на водоводна мрежа, приклучоци на објектите што постојат на трасата, промена и санација на мрежата на фекална и атмосферска канализација, инсталации на кабелски, електрични и телекомуникациски оператори.

 

Во Црква Св. Богородица Перивлепта преуредување на калдрма, реконструкција на ул. Кузман Капидан и реконструкција на стари потпорни ѕидови – информира Мицкоски, по посетата на Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.