Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Србија со 103:60 во квалификациски натпревар за Евробаскет 2025.

На натпреварот одигран во СРЦ „Кале“ Србинките во целост ја потврдија фаворитската улога и стигна до втора победа во ноемвриски ФИБА „прозорец“.

Капитенот Анџелика Митрашиновиќ беше најефикасна во македонскиот состав со 23 поени, плус шест асистенции и пет скока.

Следните натпревари во Г-групата во овие квалификации се за неполна година, односно во ноември 2024 година. Македонките ќе се обидат да ја забележат првата победа на 7 ноември против Украина, или три дена подоцна против Португалија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.