ВМРО-ДПМНЕ ја започнува кампањата за парламентарните избори традиционално од Охрид. На големиот митинг во градот на Узунов, Прличев, св. Клиемент и Наум претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски им се обрати на охриѓани со неколку теми за кои побара гласно размислување.

Зошто Стево Пендаровски ниту еднаш не го спомна ДУИ за било што лошо во кампањата до сега. Јас ќе ви кажам. Уценет е. Го држат. Не смее да писне. И ако кажува дека не е корумпиран не верувајте во такви работи, ако не е корумпиран ќе зборува директно и отворено против ДУИ и против сите криминалци, а нема да калкулира како сега.

Зошто лидерот на СДСМ, Ковачевски не кажува ниту еден збор за тоа што направиле како влада досега.  Зошто не кажува ниеден проект, мерка, реформа. Зошто не кажува за инвестиции кои ги донеле, и дали и како граѓаните подобро живеат во државава. Да дадат отчет што направиле. Отчет нема! Затоа што ништо не направија. Затоа што се заглавени со други приоритети, со крадење и местење тендери. Еве да ви кажам јавна тајна е дека од тендерите во РЕК ДУИ и СДСМ делат 20 проценти од тие што го земаат тендерот. Затоа нема отчет, затоа што единствениот отчет што може да го кажат е колку украле. Но, доаѓа крајот на тоа. И ако мислат ќе им се прогледува низ прсти се лажат. А во тоа ќе се уверат набрзо.

Цел прв круг на претседателски избори слушавме се и сешто, па режимот пак го збореа, сакаат да заборавиме дека се 7 години на власт и видовме што направија, и каков криминален артаноиден режим тие станаа, збореа за измислени теми на кои сами си поставуваа прашања и си одговараа, си креираа самите теми, затворени во меурот на сопствениот ментален склоп отуѓени од народот мислат дека со истите трикови повторно народот ќе се излаже и ќе им поверува. 7 години се на власт. Што добро памтите од нив, освен гафови, предавства, криминални афери?

Ни кажуваа дека земјава седела на маса со најсилните и тие ќе не бранат, заборавајќи да спомнат дека по стандард и живот не донесоа меѓу најсиромашните и најкорумпирани земји во светот, и дека сме рекордери по иселени лица во последниве 7 години, како никогаш во историјата. Ако од некој треба да не бранат најсилните, тоа е од корумпирани политичари како нив, а во тоа и тие веќе се уверени.

Ни кажува Ковачевски дека имал успеси и дека се било добро и дека седеле една тивка ноќ со Стево сами и се договарале. Па дури и Заев го видовме им дојде на помош со спотови. Но добро е што се заедно затоа што така со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде државата од рацете на народот. Ветуваа живот за сите во Македонија, паметите, добивме уживање за Артановци и Зечевци во Македонија, а живот за сите други на раб на егзистенција тука или надвор од земјава.

Ќе видите и во периодот што следува, се ќе прават, ќе измислуваат, само нема да збор да кажат за тоа што направиле за народот, рече Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.