Сите државни плацеви во Скопје, па и во Македонија треба да одат на јавна меѓународна лицитација, смета Зоран Иванов.
Државното земјиште во Македонија по брза постапка завршува во раце на бизнисмени. Ова го потврдува случајот на големиот градежен играч, Фатмир Етеми. Неговата компанија „ЗСФ-КОМ“ успеа да се стекне со сопственост на атрактивни парцели во близина на поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“. Државното земјиште било приватизирано по багателна цена, иако се работи за локација во строгиот центар на главниот град, каде што квадрат се продава и за 2.000 евра, објави „Само прашај“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.