На социјалните мрежи излезе менито со цените во ресторанот на Владата. Кога ќе се погледнат цените обичен човек ќе помисли дека се работи за народна кујна каде се остава кој колку може а не за министри и службеници кои примаат и по неколку илјади евра плата.
Наместо во маркетите каде пазари „рајата“ цените „смрзнаа“ во владниот ресторан.
Еве ги цените на најбараните прозводи на министрите.
Пилешка чорба за 60 денари,  омлет со свинско за 65 денари. Сланина на скара за 110 или вешалица од свинско каре за 135 денари.Копан со ориз за 100 денари, грав со сланина за 150 денари, тост со свински врат 75 денари. Вработените во Владата се заблажуваат со тулумба или штрудла со тиква за по 30 денари.

Живо џабе, зарем не?


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.