Екстремно високите температури на воздухот во земјава влијаат на здравјето на граѓаните. Итната медицинска помош вчера и денеска бележи зголемен број на извршени интервенции за разлика од викендот. До денеска попладне било интервенирано во 36 случаи. Според информациите од итната медицинска помош, станува збор за лица повредени во сообраќајни несреќи, несвестици, зголемен крвен притисок, а медицинските екипи интервенирале и за помош при пожар во Маџари.

Вчера се бележи зголемен број на извршени интервенции за разлика од викендот. Имало седум сообраќајки и пет колапси. Денеска до попладнево се реализирани 36 интеревенции. Имало пациенти кои паднале во несвест, пожар во Маџари, има многу сообраќајни несреќи, покачен крвен притисок…, изјави за МИА д-р Милица Бубало, раководителка на Итната медицинска помош со домашно лекување при Здравствен дом – Скопје.

Препораките до граѓаните се вообичаени за вакво време, да се носи светла облека, да се консумира многу течности, да се избегнува извршување работи на отворено.

Имајќи предвид дека денеска и вчера е зголем бројот на сообраќајни несреќи, д-р Бубало апелира до возачите да ги почитуваат собраќајните правила и прописи. Топлото време, вели таа, влијае и на управувањето на возилата, велосипедите, мотоцицклите…, но возачите треба да се воздржуваат од нервоза и напнатост.

Со оглед на тоа да внимаваат при управувањето на автомобилите, велосипедите, тротинетите…, изјави д-р Бубало за МИА.

Инаку, пред викендот кога почна топлотниот бран, во просек до итната медицинска помош имало 250 до 350 повици



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.