Во интервју за неделникот „Фокус“ генералниот секретар Миле Зечевиќ посочи дека постојат континуирани разговори со ДПМНЕ на повеќе нивоа, но она што недостасува се оперативни разговори околу чекорите што произлегоа од лидерската средба.

Подадената рака на СДСМ е искрена и има една цел – доброто на земјата. По лидерската средба СДСМ формираше работна група, тоа јавно го соопштивме, ги охрабруваме секојдневно ДПМНЕ да се приклучат. Постојат редовни контакти со колеги од ДПМНЕ на различни теми, дали се тие поврзани со работата на Собранието, со одредени законски решенија, усогласувања, постои дијалог преку работни групи за измените на изборниот законик и така натаму.Сега јавно се поставува прашањето, а за најважната тема, членство во ЕУ, зошто да не се седне на маса и да се продолжи дијалогот?, посочи Зечевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.