Еколошката иницијативата „Здрава котлина“ денес, на 15 јули со почеток во 11 часот организира протестна блокада против рудникот во Иловица. Блокадата ќе се одржи на раскрсницата на центарот во Струмица веднаш до градскиот пазар „Глобал“.

Протестната блокада уследува откако Владата ги споила концесиите, што значи дека би претстоело отворање на рудник во Иловица, кој „Здрава котлина“ и сите противници веќе го нарекоа „Рудник на смртта“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.