Почина 39-годишната родилка која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Според информациите таа починала синоќа околу 21 часот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Родилката била донесена во ГАК во 36-та недела од бременоста, и за само 14 минути потоа била породена со царски рез. Се породи на крајот на јини, а на 2 јули се обиде да си го одземе животот

Бебето е во добра состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

Поради трагичниот настан, беше испратена и инспекција на клиниката. Од самата клиника рекоа дека не можат херметички да ги затвораат просториите и дека и психолозите не советуваат да не се остават отворени прозорци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.