Централниот одбор на СДСМ вечерва заседаваше во партискиот штаб. На седницата присуствуваа лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, заменик-претседателот на партијата Сања Лукаревска, генералниот секретар Миле Зечевиќ, потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, секретарот за меѓународна соработка и вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, како и други членови од раководството.

Изјава портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска по седницата на Централниот одбор на СДСМ.

Постигнат е договор меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците за програмските принципи кои ги имавме како политички партии, за влез на АА во Владата, информира пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, во гостувањето во ТВ24.

 

Најважна цел е ЕУ, што господинот Таравари како принцип го прифати. Ни треба проевропски блок, наспроти блок кој не ги поддржува овие процеси. Секој субјект кој има пратеници во Парламент, но и оние кои не се, а се залага за ЕУ, е добредојден, рече Каевски.

Тој нагласи дека е потребен блок кој ќе ја турка државата напред.

„Вратата е отворена и за Алтернатива, односно тие да останат во Владата. Алтернатива ќе си ја соопшти нивната одлука. Алтернатива ги поддржува принципите за кои се залага Владата. Тоа е партија што ги поддржа процесите и ќе ги поддржи, без разлика дали се во опозиција или во Владата“, кажа Каевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.