Од владејачкото мнозинство да имаат 80 пратеника тие ќе ја достават до Собранието иницијативата за промена на Уставот. Но, немаат, значи далеку се од 80 пратеника“, истакна Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Стоилковиќ додаде дека од толку што е способна власта говорат и анкетите последниов период. Последната анкета на „Брима – Галуп“ укажува дека околу 72% од граѓаните во Македонија мислат дека државата се движи во погрешна насока.

„Такво едно неодговорно однесување од власта, мислам јас искрен да бидам немам видено за овие 20-тина години. Едноставно не знаат што работат и кај тераат“, нагласи Стоилковиќ.

Стоилковиќ уште еднаш во емисијата „Само интервју“ потенцираше дека неколку пратеници од владејачкото мнозинство нема да гласаат за уставни измени.

„Какви 80 пратеника, па неколку од нив нема ниту да гласаат. Она што можам со сигурност пред македонската јавност да кажам дека има сериозна кохезија во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ постои по ова прашање за уставни измени. И нема теоретски шанси ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да гласа за уставни измени. Дури можам да ви кажам дека има неколку пратеника од другата страна кои нема да поддржат уставни промени“, укажа Стоилковиќ.

Во текот на емисијата Стоилковиќ говореше за можното влегување на Алијанса во власта. Според него некоја од албанските партии требаше да остане во опозиција.

„Не станува збор за албанскиот политички фактор, јасно е дека се штака на ДУИ, така функционираат и така ќе завршат на следните избори. Тоа е сосема јасно. Но, тоа што сериозно загрижува унисониот однос на албанските политички партии кон било што се случува во Македонија. И тој унисон пристап на албанските партии ќе се одрази на наредните избори каде што мислам дека македонскиот блок ќе издвојува поприлично голема победа“, укажа Стоилковиќ.

„Шест месеци пред изборите јас ќе влегувам во Влада, зошто? Знаете каде е Алтернатива по влегувањето во Влада? Никаде. По испитување на јавно мислење скоро бележи нула“, појасни тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.