Заради СДСМ и ДУИ граѓаните 5 години плаќаат поскапи горива за 13.13 денари на литар, тоа се пари за буџетот и за матни тендери, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2017 година до денес акцизата за горивата е зголемена за 13.13 денари, тоа се пари кои граѓаните ги плаќале повеќе на еден литар гориво не затоа што цената на горивата на светските берзи била висока, туку затоа што СДСМ и ДУИ така одлучиле, и на тој начин имале екстра приход за буџетот, за да имаат повеќе пари за тендери. И сега кога цената на горивата скокна на светските берзи, тие не се откажуваат од својата екстра заработувачка, и не го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%. Но не е само до растот на цените на горивата во изминатава година и половина цените на брашното, зејтинот, млекото и другите основни продукти се зголеми и за 70%. Како резултат на нивната неспособност се покачи и цената на струјата за 30%, и милиони евра од буџетот завршија кај трговците со струја, кога истата рушеше рекорди на берзите. И додека цените растат, платите и пензиите не се покачија воопшто, истакнуваат од опозициската партија.

СДСМ одби покачување на пензиите за 20%, како и покачување на платите. Тие носеа само привидни мерки без реален инпакт по стандардот на народот и трошоците на производство во индустријата и земјоделието, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.