На граничен премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење.
На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer) за којашто како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство, се наведува во денешното соопштение од Царинската управа.
Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.