Невозможно е Никола Груевски да се врати слободен во Македонија, бидејќи  влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер кој избега и доби азил во Унгарија, е многу мало, изјави првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ Клан.

– Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Македонија, рече Груби.

Тој се осврна и на прашањето за промена на Уставот. Истакна дека во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски би гласала за уставните измени, тој заедно со другите министри и функционери на ДУИ во истата секунда ќе поднесат оставка.

– Од прв до последен, во секунда даваат оставки и ние се повлекуваме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И, можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6,7,8 месеци, колку сакаат, до следните избори и да ги избркаат Албанците од влада. Се виде дека тоа е прашањето, рече Груби



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.