Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот „Цар Борис“, кој носи име на нацистички соработник, велат од ВМРО-ДПМНЕ потсетувајќи дека законот е донесен и изгласан во Собранието, и затоа треба веднаш да се почне со примена.

Името на клубот „Цар Борис“, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер. Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар. Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.