Регионалниот ЦУК Велес, известува дека преку единствениот број за итни случаи Е-112 е добиена информација за повеќе заглавени возила помеѓу двете патарини на угорнините на дел од дестинацијата од автопатот Велес – Скопје. Од ЦУК велат дека за настанатата состојба се известени во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта коишто веќе имаат возила на терен што вршат расчистување на наведениот патниот правец.

Од МВР известуваат дека на патниот правец Велес- Скопје, во атар на с.Катланово има превртено камион па поради тоа има голема колона на возила кои се движат на овој патен правец. Сообраќајот ќе се пренасочува Велес-Свети Николе-Скопје.

ЦУК информира дека од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека се замолуваат сите учесници во сообраќајот кои не користат зимски гуми (иако тоа им е законска обврска од 15.11.2023 година)да го ослободат патот по кој се движат како не би преставувале пречка за останатите учесници во сообраќајот. Со самата постапка, на екипите на Македонијапат ќе им овозможат полесна и посигурна интервенција на патиштата со цел за нормално одвивање на сообраќајот. Ова посебно се однесува за планинските премини и за правците за кој имаме издадено известување за забрани за сообраќај за тешки товарни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.