Од 16:15 часот целосно затворен за сообраќај е патниот правец Гостивар-Стража, соопшти АМСМ.

Поради временските услови од 16:35 часот на патниот правец Градско-Прилеп, кај превојот „Плетвар“ и обратно, има забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 16:30 часот патниот правeц Крива Паланка, граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека поради попречено возило на патот кај „Тајмишка Раскрсница“ кон превојот „Стража“ во моментот патниот правец е во прекин, при што се создаваат колони со возила. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта работата на расчистување на патниот правец на превојот „Стража“.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег и дека имало повеќе возила кои се лизнале од патот. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и на овој патен правец работеле за расчистување на наведениот патен правец.

ЦУК информира дека од 16:30 часот, патниот правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила, според известувањето на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Дополнително, согласно информациите во Секторот за операции и координација, ЦУК известува дека поради врнежите од дожд и од снег, што ја зафатија територијата на државата, се јавуваат дефекти на електродистрибутивната мрежа на повеќе локации во државата. Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите за непречено снабдување со електрична енергија во реоните, што во моментот се без електрична енергија во:

Скопје – Скопје Центар, околу „Млин Балкан“, Идадија и ул. „9ти Мај“;
Струмица – „Карбино 3“ – Добрејци, Василево, Градошорци и околина;
Тетово – Селце, Лавце и околината;
Тетово – Бродец, Вешала, Бозовце, Вејце, Шипковица;
Свети Николе – Преод и Крушица;
Кичево – Црвивци, Осломеј, Жубрино, Арангел, Србица, Бериково, Јагол, Туин;
Дебар – Житинени, Центар Жупа, Баланци, Броштица, Горенци, Переши, Жировница, Гари, Лазарополе;
Гостивар – Горна и Долна Ѓоновица, Балиндол, Лакавица, Митрови Крсти, Симница, Трново,Куново, Србиново, Падалиште, Железна Река и во
Гостивар – Вруток – Речане, Церово, Равен
Македонски Брод – Бенче, Ковач, Звечан, Горно и Долно Ботушје, Кичан, Битово, Болче, Растеж, Требовље, Близанско и Здуње, а по друга другата линија Белица, Боровска Брезница, Тажево и ЈП „Јасен“

Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.