Поранешниот премиер Зоран Заев, заедно со екс министерот заздравство Венко Филипче беа дел од Форумот за дипломатија кој викендов се одржа во Анталија.

ТВ21 од извори од кабинетот на поранешниот премиер дознава дека Заев работи на формирање на фондација „Едно општество за сите“, и дека на Форумот за дипломатија во Турција била искористена можноста за меѓународна промоција на ваквата идеја, но и опипување на меѓународниот импулс по ова прашање.

Освен Заев, ТВ21 дознава дека во тимот е и Филипче, истакнати интелектуалци, професори, бизнисмени, поранешни министри, луѓе од невладиниот сектор, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе од сите етнички заедници во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.