Бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер профилот упати честитка за празникот Илинден на Македонија.
Честит Национален празник на Cеверна Македонија! Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност. Заедно гледаме кон заедничката иднина – Европската Унија, пишува бугарското МНР на Твитер.
Претходно, претседателот Румен Радев упати честитка до својот македонски колега Стево Пендаровски по повод државниот празник на Република Македонија, Илинден – Денот на Републиката, соопштија од прес-службата на шефот на државата.
Бугарскиот претседател во честитката истакнал дека годинава се навршуваат 120 години од „Илинденско-Преображенското востание – величествен и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Македонија“.
Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете земји и нивните граѓани, наведува шефот на бугарската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.