Задолжувањето кое го најавува Бесими е резултат на неспособноста и криминогеноста на владата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фатмир Бесими најави ново задолжување, под превезот за буџетски потреби. Тоа буквално значи дека владата ја клекнала економијата на колена и во буџетот немаме намалени проливи, а зголемени расходи.

5 години ВМРО-ДПМНЕ предупредува на лошите економски политики, проследени со криминал, корупција и местење тендери, 5 години владата продолжува со исто темпо и резултат веќе сите го гледаме.

Државата има јавен долг над 7 милијарди евра, а повеќе не се задолжуваме како држава за нови проекти, туку за буџетско одржување, т.е. преживување.

Потребни се итни мерки за заздравување на економијата и поттикнување на економскиот раст, а тоа се процеси кои СДСМ и ДУИ не можат да ги водат. Затоа потребни се предвремени избори час поскоро, велат во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.