По изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски дека Владата е таа која треба да побара пролонгирање на рокот за патните исправи, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се јави со свој став.
Тој во изјава за ТВ21 порача дека сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави.
Јас не би навлегувал во никакви конфронтации. Прво да кажам дека роковите не се утврдуваат на Влада, роковите се утврдуваат со закон. Второ самиот факт кој го изнесе и претседателот дека имаме потреба да се промени законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така затоа што законот никогаш не бил сменет за да може да се продолжува рокот, вели Спасовски и додава дека не треба да се биде под наплив на емоции.
Тој вели дека личните карти ќе продолжат да важат и по 12 февруари.
Не заради тоа што се поради домашна употреба, туку заради тоа што ние не го сменивме законот за личните карти, вели Спасовски.
Според него досега променети се околу 1.210.000 патни исправи, околу 1.100.000 лични документи и околу 540 илјади возачки дозволи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.