Апаратот за комјутерска томографија во болницата во Струга не е во функција иако директорот Арменд Арслани и заменик директорот ма ФЗОМ, Асаф Абдурамани се сликаа за негова промоција, алармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека пациентите не ја добиваат оваа здравствена услуга и дека од сликањето со опремата во пракса нема ништо за пациентите.

Потенцираат дека, исто така, надвор од функција се ехото и ехокардиограмот во одделот за интерна медицина.

Од оваа болница до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат поплаки од средно-медицинскиот персонал за зголемен број дежурства, без да се исплатат тие часови, а исто така поплаки има и од административниот кадар за притисоци од претпоставените и непочитување прописи. Вакви неправилности во изминатиот период пристигнуваат од неколку клиники, болници и здравствени домови.
Сето тоа директно влијае на демотивирање на кадарот и напуштање на јавното здравство што е јасно нотирано и во последниот извештај на ЕК каде ова прашање е сериозен предизвик за целиот здравствен систем, велат од Комисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.