За почеток да се прифати оставката на Бујар Османи! Оваа порака ја испраќаат од Демократскиот сојуз, по депонираните оставки на функционерите на ДУИ.
Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен, но и препознатлив блеф. ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата, блокада на реформите на судскиот систем, злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции, како и колапсот на државните институции, се доволни причини за повлекување од власта.
ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика, која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка, посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања, без при тоа да се направат пошироки консултации.
За почеток, од функцијата треба да се повлече Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани, а ги загрози и европските перспективи на Македонија, стои во реакцијата на ДС.
Во неа исто така е потенцирано дека Владата немала поддршка ниту од граѓаните, ниту од парламентот и додадоа дека сметаа дека се потребни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.