Ковачевски треба да се тргне од скутот на својот ментор Заев и да ги напушти неговите штетни политики. Реториката која ја користи, но и потезите кои ги влече покажуваат дека нема големи промени во пазарџиството на неговиот претходник кој тргуваше со националните и државните интереси, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Но еве, ако навистина Ковачевски сака да гради национално единство во Собранието за националните прашања, тогаш има одлична прилика, да ја прифати Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев. Ако Делчев не е добар повод за национално единство и ако Декларацијата во Собранието не е најдобра прилика, тогаш не знаеме што е. Еве му прилика да покаже дека не се само декларативни неговите изјави за единство. Ако му пречи, тогаш Ковачевски треба да каже што е спорно во текстот на Декларацијата, да каже дали има против да се афирмира револуционерното дело на Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. Нека покаже Ковачевски за чии интереси работи. Ковачевски доколку продолжи да молчи за подадената рака за национално единство, тогаш тоа гласно ќе говори дека на големо се работи на нови договори со Бугарија на штета на македонските интереси, идентитетот, јазикот и историјата, истакнуваат од партијата.
Ајде Ковачевски, охрабри се, одвој се од Заев и прифати ја Декларацијата за Гоце Делчев во Собранието, така се гради национално единство, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.