Кој му удри две-три заушки на непослушниот Талат Џафери и го врати на вистинскиот пат? Првиот човек на Собранието, кој најави дека нема да присуствува на отворањето на споменикот на УЧК во Слупчане, вчера се појави на свеченоста.

Тој настан е на Бајрам, а на Бајрам се седи дома, рече Џафери и замина за Слупчане.

За време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“. Џафери на 27 април 2017 е нелегално избран за претседател на Собранието на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.