Синоќа, со големата поддршка која ја доби претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, уште еднаш се докажа дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема никакви знаци на колебање, велат од Вреди.
Покрај тоа, оваа интерпелација го изнесе на површина и новиот коалиционен блок за дестабилизација на државата, Левица-СДСМ-ДУИ.
Всушност, Левица е само врвот на ледениот брег и портпарол на еден поголем проект на оваа тројка, кој има за цел дестабилизација на државата. Како што и самите претходно изјавија, а сега веќе и седокажува на дело, иницијативата за интерпелација, со толку меѓуетничка и меѓурелигиска говорна омраза, зборува за координација и соработка меѓу оваа тројка во плановите за дестабилизација и предизвикување на тензии, зошто да не и меѓуетнички инциденти во Македонија.
Сепак, оваа интерпелација беше уште една причина за хомогенизација на коалицијата ВЛЕН, но и на владејачката коалиција, докажувајќи стабилност и цврстина наспроти мрачните планови кои се кројат во анти-НАТО и анти-ЕУ кујни.
И покрај намерата на интерпелацијата да предизвика забуна и дестабилизација, таа повеќе придонесе за освестување на владејачкото мнозинство и за внатрешна кохезија, докажувајќи дека овие иницијативи се осудени на неуспех.
Во оваа прилика изјавуваме дека коалицијата ВЛЕН, во соработка со меѓународните сојузници, нема да дозволи овие дестабилизирачки проекти да се реализираат и да го оштетат стратешкиот евроатлантски правец на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.