Победата на Доналд Трамп е добра вест за Македонија и регионот. САД и Македонија се стратешки партнери и сојузници. Кој и да беше на власт соработката ќе продолжеше , но Републиканците имаат поголемо разбирање за нашата земја.

Кога на Македонија и беше најтешко, а тоа е после самитот во Букурешт и грчкото вето Републиканците на чело со тогашниот претседател Џорџ Буш застана зад нас. Набрзо потоа беше потпишан и Договорот за стратешко партнерство. Вакви или слични договори САД има само со неколку земји меѓу кои и Македонија.

Она што е уште повано за Македонија е што најверојатен нов Државен секретар ќе биде Ричард Гренел. Тој беше неодамна во Скопје и важи за наш голем подрувач. „Њујорк Тајмс тврди дека ќе биде нов Државен секретар.

Тој фрли „шпагети на ѕидот“ за Трамп. Сега тој е во врвна работа. Доколку Доналд Трамп победи на претседателската функција, Ричард Гренел се надева дека ќе биде државен секретар.-  анализира Њујорк Тајмс.

Воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски за „Република“ ги анализира изборите во САД. Тој вели дека  граѓаните на САД покажале и докажаа дека вербата во слободата и демократијата ќе ја направат Америка повторно голема.

Феноменот Трамп се врати на голема врата и покрај сите афери и обиди за атентати.
Гласот на народот е најважен. Наративите во кампањата на Трамп за мир и просперитет, зајкната миграциска политика, силна економија и безбедност ќе рефлектира кон нашиот немирен регион атмосфера на стабилност и развој-смета Стафановски.

 

Според него  главните очекувања од Трамп се дека војната во Украина ќе запре а Европа повторно економски и политички ќе заздравува.

Ако Европа се стабилизира економски, политички и безбедносно, индирекно и ние како држава ќе се стабилизираме.Очекувањата се дека во времето на администрацијата на Трамп ќе се затворат сите отворени прашања на Балканот и регионот.Трамп е изборот за силна личност во немирен свет-додава Стефановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.