Вработените во Медиумска информативна агенција денеска одново во време на паузата излегоа за да го изразат незадоволството од непостапување по нивните барања.
Тие излегоа на шести предупредувачки протест поради тоа што нивното барање за зголемување на платите не се најде на дневен ред на владината седница одржана на 1 август годинава. Тие покрај зголемувањето на платите, бараат и порамнување на трошоците за живот.
Новинарите и медиумските работници во МИА повторија дека се разгледуваат сите опции за радикализација на протестот доколку не се реализираат нивните барања. Тие рекоа дека за тоа ќе се разговара на следниот собир на вработените закажан за понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.