Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) утре излегуваат на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите.

Предупредувачкиот протест ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот, во траење од половина час, за време на паузата.

Протестот се организира со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА).

Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не најде за сходно да одобри зголемување на платите во овој државен медиум.

Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, ќе бидат преземени и порадикални чекори.

ССНМ ги повикува сите вработени во АД МИА да се приклучат кон протестот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.