Антикорупциската комисија е немоќна да отвори постапка за случајот со автомобилот на вицепремиерот. Првиот човек на Комисија Билјана Ивановска, во интервју за „Република“ објасни зошто не можат да отворат постапка за Груби.

Го објасни и случајот со запаленото возило на Груби и зошто не можат да отворат постапка.

За возилото не можеме да отвориме постапка бидејќи е регистрирано на друго лице и не е во сопственост на избрано и именувано лице Артан Груби. Зошто го користел, како го користел, зошто возилото користело флешери, тоа се прашања на кои треба да даде одговор некој друг односно вицепремиерката за добро владеење. Владата усвои етички кодекс за однесување на министрите, се пофали со тоа, но тој кодекс треба и да се применува. Вицепремиерката издаде опомена и не се реагираше и се поставува прашањето дали се доволни тие опомени. Сега истото тоа лице управува нешто што не е негово. Од друга страна можеби тој вложил сопствени средства за купување на возилото, и тоа не е чудно. Такви ризици имаме утврдено одамна и укажуваме на потребата на донесување на закон за потекло на имот кој што ќе им наметне обврска на граѓаните не само да ги пријават имотите туку да кажат како ги стекнале, односно со кои средства. Тоа е клучната контрола која може многу да помогне во борбата против корупцијата.

Во овој случај се поставуваат многу прашања како тоа од кој датум Артан Груби има одобрение за управување на туѓо моторно возило во земјава и во странство?

Симптоматично е и тоа што сопственикот на колата на хартија е 35 годишен бизнисмен со фирма Еуроком Лајтинг што го купува хотелот на Попова Шапка од Гранит за 55.000 евра.

На овие прашања треба да одговори првиот вицепремиер како што сака да му се обраќаат?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.