Поплавени повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на улицата „Индустриска“ се последиците од невремето проследно со град што денеска го зафати Делчево и околината во периодот од 16:30 до 18:20 часот, информира Центарот за управување со кризи.

На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД „Брегалница“ со цела нивна екипа и вршат испумпување на вода од поплавените објекти, се појаснува во соопштението на ЦУК.

Како што додаваат од ЦУК, поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија.

Како што претходно јави МИА, попладнево невреме со пороен дожд, врнежи од град и грмежи ги зафати Делчево и околните населени места, предизвикувајќи поплави во повеќе подрумски простории и потешкотии во одвивањето на сообраќајот.

Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.

Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади. Поради невремето, во дел од делчевските населби во прекин е снабдувањето со струја.

Од Општина Делчево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.