Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски го пречека премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, кој пристигна во еднодневна официјалната посета на Македонија.

Бугарската делегација пред Владата ја пречека премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Според агендата за посетата, премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе имаат тет-а-тет средба, а одделни средби ќе имаат и вицепремиерот Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Програмата за посетата потоа предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков после што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.

Претседателите на владите на Република Македонија и на Република Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков, потоа, во Клубот на пратениците, официјално ќе го промовираат проектот за помош во развојот “Електронски дневник за лица со дијабетес”, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.

Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Република Бугарија, премиерот Кирил Петков ќе има одделни средби со претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.

Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови после што владината делегација на Република Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.

Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков ќе допатува заедно со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, со



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.