Протестот против францускиот предлог продолжува и денеска со блокади на четири места во Македонија.

Од 13 до 14 часот сообраќајот ќе биде блокиран во Скопје пред Владата, на магистралните патишта Штип-Велес, Струмица-Радовиш и Плетвар-Прилеп.

-Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија, соопштија неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Утре, сабота, во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести. Масовно протестирање е најавено за во недела со почеток во 19 часот пред Владата.

Поради францускиот предлог изминатите шест дена се одржаа протести под мотото „Ултиматум, НЕ, благодарам“ пред Владата и Собранието, а синоќешните поминаа мирно и без инциденти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.