За 7,8 пати пораснале сметките за струја во охридски Водовод.
Една сегашна месечна сметка за струја чини како претходно што трошеа за цела година вели директорот Марјан Ристески кој додава дека состојбата во претпријатието е алармантна бидејќи стариот долг од 80 милиони денари се уште стои, сметките се билдаат една по друга а претпријатието нема од каде да ги покрие сите тие долгови, дополнително месец за месец да се обезбеди и плати за над 200 вработени.
Ристески смирува дека и покрај ваквата незавидна положба до исклучување на струјата во препумпните станици нема да дојде. Но, дека им претстои тешка зима тоа е и повеќе од очекувано.
Високи сметки за струја добива и претпријатието Колекторски систем. Таму заостанатиот долг е во висина од 40 милиони денари,а само последната сметка за струја е 10 пати поголема од претходно или изнесува 11 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.