Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава.

Филипче соопшти дека се родени уште две бебиња, едно во 00:02 часот, додека другото бебе во 5 часот наутро е родено во Ковид-центарот, од мајка која е позитивна на корона вирусот.

Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш по полноќ, а во втората минута се роди уште едно бебе. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно.

 

Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри – информира Филипче.

Директорката на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска соопшти дека сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид-центарот.

По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца породени после полноќ се добри вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид центарот. Исто така и мајката е добра спонтано породена инабрзо ќе замине дома. Двете бебиња коишто се родени едното во 0 часот и една минута е машко, второто е женско бебе во 0 и 2 минути. Првото е спонтано породено, второто е со царски рез. И мајките и бебињата се добри. Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија па ќе можеме слободно да живееме – изјави Јовановска.

Министерот Филипче информира дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациетни, од кои 11 се примени заради состојба на алкохолизираност.

Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти ко се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.