Во Македонија присутна и подваријантата на Oмикрон со назив „стелт“, пренесува ТВ21.

Информациите покажуваат дека оваа подваријанта е регистрирана кај 5 примероци, a биле детектирани преку специфична RT-PCR анализа со крива на топење.

До сега во земјава потврдени се вкупно 255 случаи на зараза со сојот „Омикрон“, објавија од Институтот за јавно здравје. Завчера и Хрватска го потври првиот случај на заразен со подваријанта на омикрон-сојот BA.2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.