Логично е при вработувањето во јавниот сектор да се зема предвид само резидентното население, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“, прашан за тоа кои проценти од пописот ќе ги зема популарниот „балансер“ – од резидентното население или од вкупно попишаното.

„Балансерот и Уставот се политички одлуки во државата, бидејќи се носени со политички договор. Ако ја гледаме логиката, во јавниот сектор се вработуваат резидентни граѓани, односно оние кои живеат тука и нормално би било оние коишто се резиденти, тие да влегуваат во калкулациите за вработување во јавниот сектор. Меѓутоа, исто така, кога зборуваме за јавниот сектор, ние како држава, следејќи што се случува со пописот, мора да изградиме систем во кој ќе зборуваме за квалитет, за унапредување на услугите што ги дава јавниот сектор“, додаде премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.