Сезоната на шумски пожари, надлежните ја дочекуваат со еден авион за гасење од воздух. Од вкупно три, во моментов подготвено за интервенција е само едно летало, анализира „Сител“.

Како што појаснуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, во тек е реконструкција на уште еден „ер-трактор“, но засега ДЗС не прецизира кога ќе заврши неговиот ремонт во Шпанија.

Вториот ер-трактор е во финална проверка и сервисирање и истиот се очекува скоро да се врати – велат од ДЗС.

Во меѓувреме, според статистиките на од Центарот за управување со кризи, годинава не се очекуваат шумски пожари од размери какви што беа ланските. Таквата слика се појавувала на секои пет до до седум години…

Како што велат од ДЗС, освен авионот, при евентуална појава на шумски пожар, во неговото гасење, подгвотвени да интервенираат се и два хелихоптери на армијата. Единицата за гасење од воздух, годинава е засилена и со  хелихоптер на полицијата, а своите способности тој за првпат ги покажа на пожарот во Тетово.

Првите пожари во земјава лани избувнаа во јуни, а во текот на летната сезона беа регистрирани вкупно 142. Апокалиптични сцени го обиколија светот од пожарите во малешевијата, а во нивното гасење, помагаа противпожарни бригади од Австрија, Романија, Словенија, Бугарија…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.