Централниот регистар ја одобри пријавата за основање на Великотрновскиот универзитет „Св.Св. Кирил и Методиј“ на улица „Маршал Тито“ во Свети Николе во духот на добрососедството со Бугарија. Пријавата била поднесена во април, а била одобрена на 14 овој месец, објави Фактор.

Основањето го одобриле орво македонската Влада, потоа Претседателот на Одборот за акредитација на високото образование и на крај Министерството за образование и наука во Регистарот на високообразовни установи.

За раководител е поставен Борче Серафимовски, професорот од Свети Николе, кој е поставен за директор. Тој досега беше заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет.

Зоран Заев стои зад акредитацијата на универзитетот од Велико Трново „Свети Кирил и Методиј“. Со ова не само што се кршат закони во Македонија туку и директно се погазува достоинството на нашиот најстар универзитет. Се создава паралелен универзитет на „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје кој има идентично име што несомнено ќе создава забуни и уништување на брендот. Ова е ГОЛЕМА, ГОЛЕМА грешна одлука на Владата, реагираше лани во мај опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.